Вкупен буџет: 1.206.000
Времетраење: 01.8.2015 – 31.7.2016

ИПДВ е основан во 2011 година, како граѓанска организација, посветена на подготовка и промовирање на анализи, промоција на добро владеење во Македонија, преку стратешко истражување на политиките и создавање на простор за отворена дебата во општеството. ИПДВ се залага за конструктивно застапување на интер-етнички, малцински и родови прашања.

Конституенти

Млади, младински организации и младински групи, организации од граѓанскиот сектор, претставници на централната и локалната власт, маргинализирани групи, и други клучни релевантни чинители на локално или национално ниво во областа на доброто владеење, креирање политики, децентрализација, демократија и човекови права.

Претходно искуство

  • Креирање на свесност за потребата од пошироко културно разбирање и граѓанско образование за жените од рурални средини во Македонија (Норвешка амбасада Скопје)
  • Јавно мислење – Општина Чаир (Општина Чаир)
  • Испитување на јавно мислење за процесот на децентрализација (Министерство за локална самоуправа)
  • Вклучување на млади и младински организации во интер-етнички дијалог и соработка (ЦИРа и СДЦ Цивика Мобилитас)

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

„Интер-етнички дијалог и соработка помеѓу младите во Македонија“

За што е потребна акцијата

За зајакнување на соработката помеѓу различните младински граѓански организации за остварување на позитивна општествена промена која ги одразува очекувањата, потребите и приоритетите на граѓаните.

Цели и резултати

Општа цел – Да придонесе за зајакнување на интер-културната соработка и со тоа да спречи повторна појава на етнички конфликт, да придонесе за намалување на дискриминацијата и да се промовира заштитата на човековите и малцинските права.

Специфична цел – Промовирање на дијалог меѓу млади и младински организации и други младински групи од различна етничка припадност.

Резултати

  • Спроведено истражување за ставовите и практиките на интер-културна соработка помеѓу младите во Македонија;
  • Организирани 4 дводневни крос-културни тренинг работилници за младински организации и други младински групи;
  • Организирани 3 последователни, мултиплицирачки работилници;

Активности

  1. Спроведување истражување во врска со ставовите и практиките на интер-културна соработка помеѓу младите во Македонија;
  2. Организирање на крос-културни тренинг работилници;
  3. Организирање на последователни, мултиплицирачки работилници.

Веб страница