Вкупен буџет: 3.000.000
Времетраење: 01.1.2017 – 30.6.2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (МКХ) е невладина организација чија главна цел е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот на РМ, со меѓународните инструменти за граѓански, политички, социјални, економски, и културни права, со завршниот документ на Хелсинки од 1975 година и градење демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото. МКХ ја набљудува состојбата на човековите права, обезбедува правна помош на граѓаните во случаи на повреда или ограничување на правата и слободите, соработува со други организации и државни органи во насока на зголемување на промоцијата, почитување и заштита на човековите права и слободи. МКХ поаѓа од тоа дека сите луѓе треба да имаат можност да ги уживаат, практикуваат и заштитат основите права и слободи.

Конституенти

Внатрешните конституенти на МКХ се истакнати професионалци во различни области, како и активни граѓани кои се посветени на човековите права. Тоа се: претседателот, членовите на Собранието, Управниот одбор, Надзорниот одбор, Извршната канцеларија и волонтерите. Надворешни конституенти на МКХ се: граѓаните кои се обраќаат за бесплатна правна помош, маргинализирани групи (малцинства, лица лишени од слобода, жени, деца и младинци, постари лица, лица со посебни потреби, сиромашни итн.), надворешни соработници, мрежни на ГО, индивидуални донатори, ГО со слична идеологија, неформални граѓански движења што се обидуваат да постигнат позитивни општествени промени и синдикатите.

Претходно искуство/проекти

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија има спроведено преку стотина проекти и има извршено огормно влијание на легистлативата во нашата земја. МХК се занимаваат со следните тематики:

  • Заштитата и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот на РМ
  • Обезбедување правна помош на граѓаните во случаи на повреда или ограничување на правата и слободите
  • Мапирања на злосторства направени од омраза
  • Кампања за почитување на различносите и социјална кохезија
  • Почитување на европските вредности, и побрза евроинтеграција на Р.М.

Веб страница