ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР Младен Костиќ АСПЕКТИ е основано 15.01.2010 година  и е здружение на професионалци, психолози, психотерапевти, педагози, дефектолози и др. креативци. Организацијата тежнее кон зголемување на свесноста на луѓето за своето постоење и за нивните односи со средината. Делува креативно, превентивно и со третирање на специфични појави во општествениот и социјалниот живот. Посебно кон психосоцијалното прилагодување и адаптирање на човекот на промените и тежнее кон поквалитетен живот, третирајќи ги психолошките проблеми со едукација, обука, тренинг, советување и психотерапија. Превентивно делува волонтерски и преку проекти со примена на разни методи и техники со кои учесниците ги воведува во интерактивен однос да доживеат искуство кое ќе го промени нивното однесување.

Конституенти

Голем број невладини организации, државни институции, меѓународни агенции и организации и индивидуалци од различни профили на професионалци и студенти.

Наслов

Младите помеѓу политичка дихотомија (со арт експерсија) во надминување на ригидноста и говорот на омраза

За што е потребна акцијата

Децата и младинците не се воспитуваат за слободно изразување на мислата и нивните емоции. Традиционалното воспитување бара послушност и поддржува страв со што младите луѓе лесно потпаѓаат под влијание на силата на поларитетите во нашата поделена политичка атмосфера. Тоа ги ограничува нивните способности и ја поткопува нивната самодоверба. Нивната воздржаност во изразување на емотивните доживувања ја ограничува и нивната слободна мисла и говор и ги претвара во несигурни исплашени личности со кои може лесно да се манипулира. Стравот како одбранбен механизам за да се прикрие се изразува со агресивно однесување и говор на омраза, не прифаќање на различностите и задржување на некоја статус кво ситуација која дава лажна сигурност. За жал, возрасните и родителите кои уште повеќе го чувствуваат тоа се обидуваат гласно или прикриено тоа го подржуваат, исплашени за егзистенција на семејствата. Затоа потребно е охрабрување во духот на разумот, надминување на негативните појави, почитување меѓу себе, толеранција и разбирање.

Цели и резултати

Цел

Развивање на свесноста кај младите за слободно демократско изразување на критичката мисла преку почитување на различностите од секаков вид со цел намалување на притисоците и влијанието во определбата  и поделеноста во политичката дихотомија. 

Резултати

  1. Обучени млади медијатори кои позитивно ќе делуваат во училишните заедници и локалните средини и  медијатори кои својата мисла и емоции ќе ги изразуваат преку ненасилно креативно однесување;
  2. Развивање на чувството на младите за слободно изразување на говорот и почитување на туѓото мислење и секаков вид различности;
  3. Слободни млади личности кои со своето однесување позитивно ќе влијаат во општеството и јавноста врз негативните појави и говорот на омразата.

Активности

5 модули. Прв: испитување на ставовите на младите. Втор модул: Избор на медијатори. Трет модул: психоарт работилници. Четврт модул: супервизиски дебати. Пети модул: јавна изложба и перформанс.

  • Контакт со целната група во средните училишта и младинските организации во училиштата и општините;
  • Идентификување и интерпретација на ставовите на младите преку прашалник, спроведен од нивни избрани соученици во проектот во однос на политичката дихотомија во РМ – (електронски прашалник);
  • Формирање на групи и избор на учесници во групите во соработка со општините, директорите , стручните соработници, училишните заедници;
  • Психоарт експресивни работилници  (со користење на различни гешталт методи и техники, презентации)– 5 групи кои ќе опфатат претставници од сите наведени училишта , општини и националности.  15 работилници;
  • Супервизиски работилници – спроведени од младите учесници во обуката под супервизија на тренерите во проектот (5 работилници) ;
  • Завршна јавна изложба и перформанс од изработените дела на учесниците.

Буџет

399.080 МКД