Вкупен буџет: 1.796.280 МКД

Времетраење: 01.05.2017 – 31.05.2018

Фондацијата „Македоника“ е национална платформа за афирмација и унапредување на разновидноста на културното изразување преку објавување бесплатни дигитални книги од автори од сите етнички заедници во државата. За таа цел се разви единствена, сложена и моќна софтверска платформа, составена од сервери, веб-сајт и апликации за мобилни уреди, со што се овозможи создавање на голема дигитална библиотека каде што поголемиот дел од делата напишани од автори од сите етнички групи можат да се најдат на едно место. Уникатниот концепт на e-библиотеката овозможува неограничен број книги да се чуваат на еден мобилен уред, ги промовира и подобрува писменоста и образованието на младите, го охрабрува пишувањето преку промоција на нови, современи автори и нивните дела, обезбедува дијалог помеѓу различните култури, вредности и традиции.

Конституенти: авторите, читателите, сродните граѓански здруженија и невладини организации, учениците и студентите, дијаспората, медиумите, научните и образовни институции, соодветните ресорни министерства, индивидуалните донатори и поддржувачи.

Претходно искуство

  • Воведување на млади талентирани писатели во дигиталната издавачка индустрија
  • 30 бесплатни лектири за основно и средно образование
  • Е-библиотека со 300 бесплатни книги

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

МУЛТИКУЛТУРНА ПОВЕЌЕЈАЗИЧНА ДИГИТАЛНА БИБЛИОТЕКА

За што е потребна акцијата

Иако се вршат одредени усилби за поттикнување и финансиско поддржување на културно изразување на етничките заедници во областа на уметноста и литературата, тоа ни од далеку не е доволно да ги покрие сите сегменти на општеството. Младите луѓе од помалите места, хендикепираните лица и поединците од најсиромашните слоеви на општеството тешко доаѓаат во контакт со литературата. Од друга страна, младите талентирани уметници се соочуваат со големи потешкотии при објавување на своите дела, бидејќи издавачите не се заинтересирани и не преземат финансиски ризик за печатење дела од непознати и не-етаблирани писатели. Ова ја обесхрабрува нивната креативност и многу таленти на тој начин пропаѓаат.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел– Да ги намали меѓуетничките тензии и недовербата помеѓу младите граѓани на Република Македонија што произлегуваат од длабоко вкоренетите предрасуди.

Специфична цел– Да се промовира творењето и објавувањето литературни дела на млади македонски автори од сите етнички заедници, притоа зголемувајќи го интересот на младината за читање на нивното културно творештво.

Резултати

  • Афирмирање и промовирање на книжевното творештво на младите.
  • Афирмирање и промовирање на читањето кај младата публика.
  • Промовирање на меѓуетничката културна разновидност, меѓусебно зближување и разбирање на младите, зголемена комуникација и меѓусебен дијалог со коментари и написи на форумот на дигиталната библиотека

Активности

  1. Надградба на софтверот на Фондација Македоника со социјален форум за меѓусебна комуникација.
  2. Промоција и афирмација на проектот
  3. Поднесување на книжевните дела од писателите, нивна рецензија и оценување, превод, лекторско и графичко уредување и објавување на најдобро рангираното дело.
  4. Читање на објавените е-книги, нивно коментирање во рамките на форумот на дигиталната библиотека, комуникација од читателите врзана со содржината на делата и пошироката тематика што тие ја обработуваат
  5. Завршна промоција на проектот со анализа и резиме на неговите резултати.

Веб страница