Вкупен буџет: 5.940.000
Времетраење: 01.4.2015 – 31.3.2018

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип е формирана во декември 2006 и е правен наследник на Центарот за поддршка на НВО Штип.

Визијата на ФРЛЗ Штип е етаблирање како водечка организација, тимски ориентирана со зајакнати човечки капацитети, финансиски стабилна, национално препознатлива и етаблирана како значаен партнер на меѓународни проекти.

Мисијата на Фондацијата е ефективно учество на граѓаните во креирање јавни политики и нивна доследна имплементација.

Стратешки цели на Фондацијата се:

  • Зголемување на влијанието на граѓанскиот сектор во креирање и имплементирање на јавни политики.
  • Зголемување на одговорноста на граѓаните за решавање на локални проблеми (приоритети).
  • Проширување на рамките на делување на ФРЛЗ – Штип на регионот на Западен Балкан. 

Конституенти

Основачите, вработените, граѓанските организациии, општините, бизнис секторот и младите

Претходно искуство/проекти

ФРЛЗ – Штип организира обуки, трибини, дебати и консултации за граѓанските организации и мрежи на организации, заинтересирани млади лица за јакнење на нивните капацитети за вклучување во процесот за креирање на јавни политики, лобирање и застапување, преговарачки вештини, комуникациски вештини и друго.

Организира средби за соработка на локалните власти со граѓанскиот сектор преку воспоставување на процес на консултации на општината со граѓанските организации при креирање на јавни политики.

Организира активности за прибирање на средства од локални донатори, директни посети на корпоративни донатори и јавни настани за индивидуални донатори.

Веб страница