Филозофското друштво на Македонија (ФДМ) е здружение на граѓани формирано во 1956 година чија цел е промовирање на филозофијата во Македонија и развивање на критичката мисла. Во својот сегашен облик и структура Друштвото постои од 2003 година и има реализирано голем број на проекти од областа на филозофијата, како и интердисциплинарни проекти. Во ФДМ членуваат професори од Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, професори по филозофија во основното и средното образование, други професори, студенти, истражувачи, вљубеници и почитувачи на филозофијата. ФДМ од 2006 година е член на Меѓународната федерација на филозофски друштва (Fédération Internationale des Sociétés de Philosophie).

Конституенти

Средношколци, студенти, млади, наставници по филозофија и етика, истражувачи и универзитетски професори, режисери, сценаристи и филмски работници, генерална публика

Наслов

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ 2017

За што е потребна акцијата

Граѓанското општество во Македонија е се уште во развој и особено во ситуации на политичка криза во млади демократии како македонската, неопходно е зајакнување и охрабрување на критичката мисла, градење и негување на културата на дијалог и слободна размена на идеи, толеранција кон диверзитетот на мислења и светогледи, и инспирацијата на креативна размисла во потрагата по нови решенија на старите проблеми. Филозофскиот Филмски Фестивал (ФФФ) нуди платформа за контекстуализирање на значајни општествени и егзистенцијални прашања со публиката на оригинален и автентичен начин – преку обработката на теми од врвни филмски дела проследени од дискусии со еминентни професори, режисери и интелектуалци од Македонија и странство.

Цели и резултати

Цел

Зајакнување на критичката и креативна рефлексија преку отворен дијалог, како и развивање на свеста кај генералната публика и кај младата популација во Македонија за значајни општествени и егзистенцијални прашања, препознавајќи го значењето на силата на аргументите, идентификувањето на логичките грешки, и балансирањето на спротивставените ставови низ мирна информирана расправа како филозофски алатки кои го поттикнуваат активното граѓанство, ги развиваат демократските капацитети, и придонесуваат кон позитивните општествени промени во Република Македонија.

Резултати

  • Генералната публика влегува критички во продуктивен дијалог на значајни филозофски и социјални теми и може да се изрази слободно во средина на взаемна почит и толеранција за диверзитетот на ставови и мислења.
  • Зголемени капацитети за критичко и креативно размислување кај младите луѓе, средношколци и студенти кои учествуваат во проектот, и развиена свест за клучните прашања и проблеми во општеството.
  • Клучни експерти и институции од земјата и странство соработуваат во заедница за унапредување на филм-филозофијата и за промовирање на придобивките од филозофската рефлексија и филмското образование пред пошироката публика во Македонија.

Активности

  1. Организирани проекции на 34 филмови
  2. Огранизиран ФФФ Караван по завршувањето на фестивалот во втората половина на април со цел децентрализација на културата од главниот град и пружање на дел од придобивките на фестивалот во четири градови на Македонија: Битола – Прилеп – Свети Николе – Штип.
  3. Публикација на темата „Филозофија и филм“ како производ на проектот
  4. Организирана проекција на „средношколска видео лектира“ за гимназиите кои учествуваат во проектот . Тема за средношколската видео лектира: „Технологијата, моќта и (само)уништувањето: можеме ли да ги контролираме ефектите од сопствените пронајдоци“.
  5. Организирани работилници за сценарио за млади
  6. Остварена соработка со гимназии, локална самоуправа, универзитети и институции од земјата кои се занимаваат со истражувања во областа на филозофијата и филмот.
  7. Поттикнaта меѓународна соработка преку креирање на мрежа на фестивали за филм и филозофија во Европа како основа за понатамошно развивање на образованието низ филозофијата и филмот.

Буџет: 400.000 МКД

Времетраење: 1.4.2017- 31.7.2017

Веб страница