Кратка биографија

Емина Рустемоска дипломира на Природно математичкиот факултет во Скопје на отсекот Географија, а магистрира на Филозофскиот факултет во Скопје на студиите за Евроинтеграции и комуникации. Во 2014 година се запишува на докторски студии на Филозофскиот факултет на Институтот за социологија.

Паралелно со докторските студии, ангажирана е како локален координатор за спроведување на „Индекс на детски права во Република Македонија за општина Струга“, а претходно во период од четири години работела како наставник по географија и природни науки во основно училиште.

Докторска дисертација

ОДРЖЛИВИ ГРАДОВИ МЕЃУ ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА- ЕКОЛОШКИ АСПЕКТИ НА УРБАНО ПЛАНИРАЊЕ НА ГРАД СКОПЈЕ

Резиме

Предмет на истражување во овој труд се прашањата колку и во која мера при планирањето и управувањето на градот Скопје се земаат предвид принципите на одржливиот развој. Фокусот на истражувањето е: што е одржлив град, како тој се формулира теоретски денес, кои компоненти може да се третираат како битни за градската одржливост, кои се новите моменти на одржливост кои произлегуваат од градската комплексност и нивните влијанија врз урбаното планирање.

Цели

Целта на истражувањето е сознанијата од истражувањето да придонесат кон разрешувањето на проблемите на главниот град кои произлегуваат од неговото живеење, поткрепени со научни сознанија и систематизирани знаења добиени преку анализа на индикатори и синтетизирање на теориски знаења кои натаму ќе служат како јадро околу кое ќе се развиваат решенија, политики и програми за одржлив развој.

Значајност за граѓанското општество

Релевантноста го опфаќа процесот во кој градските власти го вклучуваат граѓанското општество и јавноста во процесите на подготовка и донесување на одлуки кои ги засегаат директно нив. Поточно, се дава одговор на прашањето во која мера е консултирано и вклучено граѓанското општество во истите и колку тие процеси на одлучување се транспарентни.

Времетраење: 1.3.2017 – 28.2.2018

Буџет: 180.100 МКД