Вкупен буџет: 1.999.852
Времетраење: 01.4.2016 – 31.3.2018

Екогерила на почетокот беше неформална група на свесни граѓани кои се собраа за да го кренат гласот и да алармираат за мошне сериозната ситуација со аерозагадувањето во општина Тетово и околните општини. Екогерила ги започна своите активности со група од 5 активисти од различен професионален профил, а сега брои над 500, сите со заедничка цел: да се сопре загадувањето и да се превземаат реални мерки за негово намалување преку подигнување на свеста и едукација на јавноста за тоа кои се загадувачи и за начинот на кој треба институциите на локално и централно ниво да се справат со ситуацијата.

Конституенти

На локално ниво Екогерила остварува соработка со локалната власт, стручни лица од Институтот за животна средина и здравје при Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетовскиот државен универзитет, Заводот за јавно здравство, локалните невладини организации. Преку членството во домашни и меѓународни мрежи и платформи ја зајакнува соработката со други актери на граѓанското општество. Воедно, Екогерила во своите активности вклучува соработници, експерти и претставници од академската заедница, дипломатскиот кор и други релевантни институции.

Претходно искуство/проекти

Како дел од свето претходно искуство Екогерила го има спроведено проектот со назив „Кампања против загадување“. Целта на овој проект беше освестување на граѓаните и информирање со цел да се активираат во заштитата за едно од нивните основни права, а тоа е правото на чист воздух . Начинот на кој Екогерила делува е широк во смисла на постојано информирање вклучувајќи ги сите расположливи комуникациски канали: социјални мрежи, пишани и електронски медиуми, веб, билборди, флаери, прес-конференции, протести, урбани герила акции итн.

Веб страница