Вкупен буџет: 4.500.089
Времетраење: 01.4.2015 – 31.3.2018

Центарот за одржлив развој на заедницата е независна, непрофитабилна граѓанска организација основанa од ентузијасти. Организацијата е правен наследник на Центарот за поддршка на НВО и е пререгистрирана во 2006 година.

Визија: Развиен активен цивилен сектор со европски вредности,  кој ги следи тековните случувања во општеството, граѓани активно вклучени во донесување на политиките, и институции со добро владеење, висока транспарентност и отчетност.

Мисијата на организацијата е регионален одржлив развој преку мобилизирање на заедницата, користење на локалните ресурси и потикнување на ЕУ интеграцијата.

Стратешки цели се:

  1. Зајакнување на капацитетот на цивилниот сектор
  2. Зајакнување меѓуграничната и  регионалната соработка
  3. Промоција на одржлива употреба на човечките, природните и културните ресурси

Конституенти

Конституентите на организацијата се членовите на организацијата, поддржувачите кои во организација гледаат партнер за решавање на одредени проблеми на  граѓаните, медиумите, локалната самоуправа и училиштата.

Претходно искуство/проекти

ЦОРЗ Дебар особено внимание посветува на зајакнувањето на капацитетите на граѓанските здруженија, заедниците, подигањето на свеста на граѓаните за нивните права, и врши и притисок кон властите да ја зголемат транспарентноста и отчетноста на нивната работа. Својот граѓански ангажман го пошируваат кон промовирање и зајакнување на верската и етничката толеанција и промоцијата на Дебарскиот пример на соживот во Македонија.

Дел од спроведените граѓански иницијативи се:

  • Стоп за изградбата на Луково Поле
  • Денови на Француската култура во Дебар
  • Мониторинг на ЕЛС на Југозападниот регион
  • Одржување на  младинскиот клуб
  • Акции за чистење на Дебарското езеро
  • Акција против екстерното тестирање
  • Акција за ревитализација на градскиот парк
  • Крводаритески и други солидарни акции
  • Организирање на саем за промоција на традиционални производи и занаети на пограничната област помеѓу Р.Македонија и Р.Албанија

Веб страница