Асоцијацијата од 2002 до крајот на 2014 година беше позната како Центар за медиумски активности. Таа е независна, непрофитна организација која аналитички ги следи настаните во областа на социјалната политика, медиумите и образованието.  Организацијата става посебен акцент на социолошките феномени, на тој начин придонесувајќи кон демократските процеси во општеството и креирањето на општествените вредности. Паблик нуди простор за широко јавно учество; овозможува размена на идеи базирани врз докази, унапредувајќи ги човековите права во Македонија, промовирајќи транспарентност и еднакви права за сите.

Мисија

Поттикнување општествена промена во социјалната, образовната и медиумската сфера во Република Македонија. Акциите на Паблик се базираат на научни истражувања и хибридна комуникација која за цел има зајакнување на капацитетите на засегнатите страни и засилување на улогата на граѓанинот во општеството. Визија:  Општество со еднакви можности за сите во кое граѓанинот е свесен за својата улога и моќ за генерирање позитивни општествени промени.

Конституенти

Партнерски организации на „Лице в лице“,  продавачи на „Лице в лице,  мрежа од над 40 експерти, професори, активисти, амбасадори и членови на невладини организации,  медиуми, јавноста,  јавни личности и компании

За проектот што е поддржан од Цивика

Граѓанското општество- пасивен или активен чинител во општествените промени?

За што е потребна акцијата

За нециклична промена на институциите, нормите, културата или одредена општествена структура, со што се дефинира општествена промена, потребен е синхронизиран напор на повеќе нивоа. Истражувањето што го предлагаме ја мапира улогата на граѓанскиот сектор во истата. При тоа се адресира важноста на спрегата помеѓу учеството на граѓанскиот сектор во општествената промена и синџирот на последователни интеракции помеѓу други засегнати страни за до неа да се дојде. Со анализа на собраните податоци се тежнее кон дефинирање на вертикалата на улогите на засегнатите страни во:- промена на функциите на институциите; соработка помеѓу субсистемите; разрешување конфликти; нови идеи.  На овој начин стануваат видливи „конфликтите“ што се на пат на општествената промена и тоа помеѓу институциите и граѓанските организации. Но, од друга страна, влијанието на ГО во регистрираната позитивна општествена промена дава јасни насоки и поттикнува активизам и граѓанско учество, гради меѓуинституционални односи и ја засилува довербата во граѓанскиот сектор како генератор на промената. Трендот на еднаква родова застапеност во ГО и во институциите како и влијанието на ГО врз култураната дифузија директно ги адресира трансверзалните теми.

Цели и резултати

Општа цел: Постигнување општествена промена преку поголема отвореност и транспарентност на институциите и последователно на тоа, поттикнување поквалитетна соработка меѓу институциите на системот и граѓанскиот сектор.

Специфична цел: Дефинирање на влијанието на граѓанскиот сектор во промовирање позитивна општествена промена во рамки на петте сектори (социјала, образование, здравство, културна дифузија и медиуми)

Резултати

  • Востановено влијание за позитивни промени на секторот во петте општествени области;
  • Подигната свест и трасирани насоки кај засегнатите страни за постигнување успешна општествена промена;
  • Зголемено граѓанско вклучување како резултат на подобар пристап на граѓаните до информациите за влијанието на граѓанскиот сектор преку иновативен начин на комуницирање

Активности

  • Дизајн и детален развој на алатки за дефинираната методологија;
  • Истражување за влијанието на граѓанскиот сектор во општествената промена во петте сектори, од потпишувањето на Охридскиот договор до денес;
  • Изготвување документ со препораки и отворање на дата базата со податоците добиени во текот на истражувањето;
  • Изготвување стратегија за комуникација резултати

Буџет

3.417.251 МКД

Период на спроведување

1.01.2016 г. – 30.6.2018 г.