Вкупен буџет: 6.000.000
Времетраење: 01.4.2015 – 31.3.2018

Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) имаше скромни почетоци и иницијалните проекти беа фокусирани на граѓански иницијативи кои промовираа едукација на гласачите за парламентарните избори во 1994 и за локалните избори во 1996 год.

Визијата на АДИ е вклучување, врз основа на еднаквост и недискриминација, за било кој поединец или група во демократскиот процес преку употреба на најдобрите практики и принципи на доброто владеење.

Мисијата на АДИ е интеграција и следење на човековите права во политичката, економската и социјалната сфера на општеството; Унапредувањето на демократските политики, меѓуетничка и меѓукултурна толеранција преку заедничко учество и транспарентни процеси; Поддршка на граѓаните преку граѓанско учество, вмрежување, застапување и едукативни активности.

Од 2003 година АДИ има Специјален консултативен статус во Економско-социјалниот совет (ЕКОСОК), при Обединетите Нации.

Конституенти

Етничките заедници, жените и граѓаните од полошкиот регион, локалните граѓански организации, локалните власти, локалните комисии за односи меѓу заедниците, локалните медиуми.

На национално ниво тоа се владините институции и комисии, како што се Секретаријатот за спроведување на ОРД, Одделението за соработка со НВО, Комисијата за заштита од дискриминација како и домашните и меѓународни мрежи и платформи и другите актери на граѓанското општетство.

Претходно искуство/проекти

Хуманитарни активности за време на  Косовската криза и вооружениот конфликт во Македонија; пост-конфликтни активности, градење на довербата помеѓу различни заедници и групи и промоција на позитивни примери за соработка помеѓу различни етнички и верски заедници; промовирањето на меѓуетничката соработка и интеркултурното учење; промоција на човековите права, малцинските права и поддршка на демократијата преку мониторинг на политичките реформи и процес; мониторинг на процесот на децентрализација во неколку општини во Македонија; известување за  децентрализацијата во Гостивар, Кичево, Струга и Дебар; поддршка на локалната самоуправа за транспарентност и добро владеење; поддршка на граѓаните во идентификување на клучните потреби и приоритети во заедницата, обезбедување информации за можности за нивно поврзување со релевантни граѓански организации, поттикнување и остварување на приоритетите и зголемување на поддршката од локални извори.

Фејсбук страница