Кратка биографија

Ана Секуловска Јовковска е магистер по образовен менаџмент на Педагошкиот факултет во Битола, а во моментов е запишана на докторски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на катедрата за Политички менаџмент.

Во однос на работното искуство, таа била референт на Педагошкиот факултет во Битола а сега работи како технички секретар на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи во Битола.

Докторска дисертација

ВЛИЈАНИЕТО НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО ВРЗ КРЕИРАЊЕТО НА ПОЛИТИКИТЕ ВО ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ (САМООЦЕНКА И ПАТОКАЗИ)

Резиме

Со вкрстување на податоците добиени од самооценките и патоказите на образовните институции и граѓанските организации, ќе се изведат соодветни препораки за можните начини на вклучување на граѓанското општество во креирање на образовни политики. Образовните институции имаат мноштво проблеми кои се производ на веќе креирана јавна политика, но процесот на имплементација на таа политика мора да биде потпомогнат од инструментите на граѓанските организации.

Цели

Ова истражување има за цел да го истакне основниот проблем кој се јавува во креирањето на образовните политики во образовниот систем на РМ, односно отсуство на актерите на граѓанското општество во процесот на креирање на јавните образовни политики. Специфична цел е влијанието на граѓанското општество врз процесот на креирање на јавните политики и структурната поставеност на образовниот систем.

Значајност за граѓанското општество

Истражувањето ќе демонстрира:

  • Дали образовните институции соработуваат, сакаат да соработуваат и како ги гледаат граѓанските организации како партнер во креирањето на образовни политики?
  • Дали образовните институции соработуваат, сакаат да соработуваат и како се гледаат себеси како партнер во креирањето на образовни политики?

Времетраење: 1.9.2016 – 1.6.2017

Буџет: 184.000 МКД