x
Мени

Прес-конференција за промоција на извештај за правна помош

„Син ми не го примија во болница зошто има попреченост и е сместен во Демир Капија, а му е констатиран рак”

„Во Прилеп сите Роми не ги пуштаат да влезат во градскиот базен”

„Фондот за здравствено осигурување не ми обезбедува протези за рацете и нозете, a без нив не можам да се движам”

Би сакале да ве поканиме на пресконференцијата за презентација на извештај за обезбедена правна помош на социјално ранливите и маргинализирани групи на лица во рамки на проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“ поддржан од страна на Британската влада.

Преку пресконференцијата сакаме да ја информираме јавноста и граѓаните подетално за наодите од извештајот за пристапот до правда на ранливите и маргинализираните категории граѓани во случаи на дискриминација и ефикасноста на институциите во заштита од дискриминација.

Би ни претставувало задоволство претставниците на граѓанскиот сектор, институциите и медиумите да присуствуваат на овој настан и со нивното активно учество да придонесат во пренесување на препораките.

Агенда

09:30 – 10:00 Пристигнување на учесниците и регистрација

10:00 – 10:05 Поздравно обраќање на проф.д-р Гордан Калајџиев, Претседател на Хелсиншкиот комитет

10:05 – 10:10 Резиме на спроведените активности од проектот – Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншки комитет за човекови права

10:10–10:15 Презентација на структурата, резимето, главните наоди и препораките од извештајот – Неда Чаловска Димовска, проектна координаторка

10:15 – 10:25 Статистика на документирани случаи, институции и број на иницирани постапки – Игор Јадровски, проектен асистент

10:25 – 10:30 Стратешки случаи на дискриминација, судски постапки и случаи на прекршување на права – Јована Јовановска Кануркова, правна советничка.

10:30 – 10:50 Прашања и дискусија

10:50 – 11:30 Коктел