Проценка на состојбата од аспект на здравствени нееднаквости во репродуктивниот период кај жените е направена преку прашалник на репрезентативен примерок за фокус групи и наменски (длабински) интервјуа со целни групи од други засегнати сектори. Со квалитативно истражување беа опфатени 102 жени во репродуктивен период (15-49 години) во 10 фокус групи организирани во Куманово, Крива Паланка, Кочани, Штип и Битола и 25 индивидуални интервјуа со претставници од Институтот за јавно здравје на Р. Македонија, Управата за водење на матични книги, Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, здравствени служби кои се директно вклучени во давање услуги од репродуктивно здравје (претставници на гинеколошко-акушерски одделенија или матични гинеколози, советувалишта за
репродуктивно здравје и патронажни служби).