Публикацијата „Патеки во младинската работа: препознавање, професионализација и стандардизација“ претставува преглед на европските, регионалните практики и практиките во областа на младинската работа во Република Македонија.
Намерата е публикацијата да послужи како ресурс на сите засегнати страни како што се
државните и јавни институции кои ги креираат и спроведуваат политиките за млади и граѓанските организации кои работат со млади, за подобро разбирање на младинската работа и важноста на
потребата за препознавање на младинската работа.