Целта на овој документ е да го актуелизира значењето на нефинансиските форми на поддршка (НП) меѓу државните и локалните јавни службеници и претставниците на граѓанските организации (ГО) за развојот на граѓанското општество во земјите на Балканот и Турција1. Граѓанските организации имаат значителна корист од нефинансиска поддршка (НП), особено во рамки на државите од Западен Балкан, во кои само мал број донатори овозможуваат долгорочна финансиска (институционална) поддршка2, со која би се овозможила организациска одржливост. Иако финансиската поддршка во државите од регионот е недоволна3, нефинансиските форми на јавна поддршка се широко распространети во практика, особено
на локално ниво.