Мониторинг на спроведувањето на медиумското законодавство, на Министерството за информатичко општество и администрација на Собранието на Република Македонија, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Македонската радиотелевизија
Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во периодот јули – септември 2015 година, следејќи ја примената на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и Законот за медиуми (ЗМ), ја набљудуваше работата на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и работата на Македонската радиотелевизија (МРТ). Примената на законите главно се анализира преку влијанието што законските од-
редби го имаат врз надлежните институции и медиумите.