Во Македонија има околу 3000 фантоми или лица без идентитет. Тие немаат право на здравствено осигурување и работа, не можат да гласаат, ниту да заминат од земјава. Едноставно се невидливи за системот и државата.

Преку животната приказна на семејството Сулејман од Шуто Оризари, ви ја пренесуваме голготата низ која минуваат овие семејства, но и негрижата на државата за овие луѓе, чиј проблем наместо системски да се реши, бројот на фантомите секоја година се’ повеќе се зголемува.

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.