Република Македонија се наоѓа во централниот дел на Балканскиот Полуостров во југоисточна Европа. На
север граничи со Србија, на исток со Бугарија, на југ со Гр- ција и на запад со Албанија. Во Република Македонија живеат 2.050.671 жители од кои 1.743.403 се гласачи. Според последниот попис од 2002 година, населението во Република Македонија е составено од: 65,2% Македонци, 24,2% Албанци, 3,9% Турци, 2,7% Роми и 4,0% останати. Република Македонија ја стекна својата независност во 1991 година, кога се оддели од поранешна Југославија.