Темите за сексуалноста, за сексуалното и репродуктивното здравје на младите во Македонија се отвораат бавно и селективно. За родово-идентитетските прашања, како родовата припадност и изразување, и сексуалната ориентација сеуште не постои подготвеност да се разговара отворено и аргументирано.