„Кампањата „Прав(д)а за сите“ е дел од Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето, имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со партнерските организации Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“. Кампањата има за цел да ги рефлектира состојбите со нарушувањата на правата на ЛГБТИ луѓето во македонското општество, но од друга страна д ги рефлектира и можностите за борба и еманципација. Во кампањата учествуваше и Елена Петровска, која ја промовираше Сигурната куќа: „Порано немаше каде да се побегне, да се најде засолниште во моментите кога тоа е најпотребно, затоа ние ја создадовме Сигурната куќа.“