Интегрирањето и инклузијата во образовниот процес се покажа како голем
предизвик кој требаше да помогне во поголемо заемно запoзнавање помеѓу
заедниците. Но, заради избегнување конфликтни ситуации помеѓу ученици
од различни етнички групи, образовниот систем претpпе сегрегација која
многу години беше манифестно или латентно поддржувана, со цел да се
избегнат конфликтни ситуации помеѓу учениците од различни етнички групи.
Речиси една деценија по усвојувањето на Охридскиот рамковен договор, се
пројави признание за потфрлањето на образовниот систем во поглед на
р а з в и в ање то н а о пште с т в е н а т а кохе з и ј а п оме ѓ у к у л т у р н о
диверзифицираните групи.
Сепак, голем е придонесот на меѓународните организации во полето на
интегрираното образование, меѓутоа институциите од централната и од
локалната власт треба да креираат политики и програми со цел да се овозможи
позитивна интеракција помеѓу учениците од различни етнички заедници.
Целта на ова истражување е да се анализира што досега е постигнато во
полето на меѓуетничкото интегрирање на учениците во образованието преку
анализа на досегашните студии поврзани со оваа проблематика и преку
директно теренско истражување со интервјуа реализирани со релевантни
институции од централната и од локалната власт и невладините организации.