Во последниот извештај за напредокот на Република Македонија, Европската комисија во делот на политичките критериуми и граданските општества, го нагласува недостигот на дијалог помеѓу граѓанските организации и Владата, со посебен акцент на организациите кои се занимаваат со: социјална реформа, родова еднаквост, Ромите и правата на ЛГБТИ. Исто така, извештајот во поглавјето 19, делот наменет за социјална политика и вработување, го нагласува високит процент на сиромаштија и недостигот на институционален капацитет за креирање политики и стратешки план и обезбедување финансии за справување со сиромаштијата (Европска комисија, 2013). Покрај извештајот на Европската комисија, овој проблем е потврден и од скоро сите анализи на домашните граѓански организации кои за фокус ја имаат оваа проблематика. Податоците од анализите на домашните организации се употребени во оваа студија.