Недоволна транспарентност и отчетност на државните институции за трошењето на јавните пари преку постапките за јавни набавки. Наспроти законската обврска задолжително да доставуваат до Бирото за јавни набавки известување за секој склучен договор за јавни набавки, некои државни институции, како Министерствата за труд и социјална политика, за локална самоуправа и за земјоделство, како и Секретаријатот за европски прашања, во текот на 2009 година не доставиле ниту едно такво известување за склучен договор за јавна набавка.