Во рамките на проектот „ Е-Платформа за соработка и развој на граѓанското општество во Република Македонија“, финансиран од страна на програмата на Цивика Мобилитас, а спроведен од Здружението на за рамноправен развој РЕШЕНИЈА ЗА РАЗВОЈ беше објавена публикацијата со наслов: „ Анализа на онлајн активноста на граѓанските организации во Република Македонија“.

Истражувањето имаше за цел да го процени степенот и видот на онлајн активноста на граѓанските организации, односно, да утврди колку граѓанските организации во Македонија користат Интернет алатки во реализацијата на своите цели, како и во меѓусебната комуникација и соработка, и во комункацијата со релевантни чинители и со јавноста. Проценката опфати вкупно 677 граѓанските организации од Македонија.