fbpx
x
Мени

Социјални иновации – презентација и јавна дискусија

Контакт: mkcbt@t.mk

Локација: Public Room - Makers Room

Во рамките на Регионалната Платформа за социјални иновации во младинското вработување (YOUSEE), Младинскиот културен центар – Битола (МКЦ – Битола) во соработка со KARIERA.mk Ве поканува на презентација и јавна дискусија на тема: „Социјални иновации за намалување на младинската невработеност“.

Презентацијата ќе се одржи на 20 јуни 2017 година (вторник) во просториите на Јавна соба ул. 50 дивизија 22 Скопје – Makers Room со почеток во 17.00 часот.

На презентацијата е планирано со свои излагања да учествуваат:

Д-р Ѓорѓи Какашевски – професор по информатички науки и ко-сопственик на KARIERA.mk

Норик Селими – Претседател на Федерацијата на агенции за привремени вработувања и ко-сопственик на KARIERA.mk

Зорица Бужаровска – консултант во KARIERA.mk

Настанот е во рамките на Регионалната Платформа (YOUSEE) со поддршка на фондови од Европската Унија.

Повеќе информации на www.youseefor.me

Контакт лице за потврдување на присуство: Јасмина Ангелова, mkcbt@t.mk; Тел. 076 664 040.

МКЦ Битола е институционален грантист на програмата Civica Mobilitas.