fbpx
x
Мени

Промоција на публикации за реформи во правосудниот систем

Институтот за демократија “Социетас Цивилис” - Скопје заедно со Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер ќе промовираат два труда од авторот Денис Прешова, соработник на ИДСЦС, кои ги анализираат тековните реформи во правосудниот сектор и нивната усогласеност со приоритетите на ЕУ. Стручен коментар на трудовите е предвидено да даде г-а Мирјана Лазаровска-Трајковска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Промоцијата ќе се одржи на 19-ти февруари (понеделник), со почеток од 10 часот во ЕУ Инфо Центарот во Скопје.

Првиот труд „Реформа на судството во Република Македонија: Промена без реформи?“ ја анализира Стратегијата за реформа во правосудниот сектор за периодот 2017 – 2022 година, со акцент на реформите во Судскиот совет. Додека, вториот труд насловен „Уставниот суд изгубен во судските реформи“ го обработува уставното судство во Република Македонија осврнувајќи се на потенцијалното позитивно влијание кое овој суд би можело да ја има врз судството, а низ призма на гореспоменатите судски реформи.

Агенда:

10:00-10:10
- Воведно обраќање – г. Зоран Нечев, Раководител на Центарот за европски интеграции при ИДСЦС;
- Воведно обраќање – г. Јоханес Д. Реј, Директор на Канцеларијата на Фондација Конрад Аденауер за Македонија
10:10-10:40
- Промоција на трудот „Реформа на судството во Република Македонија: Промена без реформи?“ – г. Денис Прешова, соработник на ИДСЦС;
- Коментар на трудот – г-а Мирјана Лазаровска-Трајковска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур
10:40-11:10
- Промоција на трудот „Уставниот суд изгубен во судските реформи“ - г. Денис Прешова, соработник на ИДСЦС;
- Коментар на трудот – г-а Мирјана Лазаровска-Трајковска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур
11:10-11:30
- Прашања од публика и дискусија