fbpx
x
Мени

Разбудете ја еко-свеста во себе

Контакт: Мите 078/233-622

Локација: Битола

После имплементација на активностите на Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА - Битола, во рамките на проектот „Сликај, постирај, алармирај“ поддржан од Цивика мобилитас, на настанот, ќе се изврши презентација на резултатите. Главни активности кои беа реализирани во рамките на проектот се следниве: - идентификување на аерозагадувачите во град Битола, - постирање на истите на нашата Facebook страница „Сликај,постирај, алармирај“, - изработка на интерактивна карта на аерозагадувачи на Google Maps, - спроведени мерења на моменталните концентрации на ПМ честички низ градот и изработка на дигитални карти за просторната дистрибуција на аерозагадувањето, - изработка на предлог мерки за намалување на аерозагадувањето. Доколку сакате да дознаете кои се најзагадените населби во Битола, кои се причините за аерозагадувањето и какви адаптирани мерки предлагаме за намалување на аерозагадувањето во Битола, ве покануваме да присуствувате на настанот.