fbpx
x
Мени

Конференција „Улога на граѓанските организации во заштита на граѓанскиот простор“

Контакт: Ања Босилкова-Антовска, 070258049, abs@balkancsd.net

Локација: Скопје, Парк Хотел & Спа

Настанот е наменет за претставници на граѓанското општество од Македонија, Западен Балкан и Европа, со цел да се дискутираат начини за промоција на граѓанскиот простор (простор за делување на граѓанското општество) и овозможувачка околина за развој на граѓанско општество. Фокус на дискусиите ќе бидат размена на добри пракси за мониторинг и застапување, подобрување на отчетноста на граѓанските организации (ГО) и подобрување на соработката во рамки на граѓанскиот сектор. Целта е да се зајакнат ГО да бидат поактивни и ефективни во заштитата на граѓанскиот простор. Преку подобрување на својата отчетност, ГО ги зголемуваат својот легитимитет и довербата од своите конституенти, граѓани, донатори и креатори на политики, и притоа придонесуваат до создавање на поодржливо граѓанско општество.