fbpx
x
Мени

Граѓанското опшество – мост за соработка со дијаспората

Со цел зајакнување на врската со македонската дијаспора, како и развивање на проекти за поддршка на културните, традиционалните, историските вредности, зајакнување на комуникацијата и развојот на демократските опшествени вредности, Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните НОВ КОНТАКТ – МАКЕДОНИЈА, како невладина, непартиска и непрофитна организација во улога на промотор на оваа идеја организира Јавна Трибина во рамките на проектот ,,Граѓанското опшество - мост за соработка со дијаспората,, посветена на улогата на Граѓанските организации од Република Македонија, иселеничките организации и организациите на македонското национално малцинство во соседните земји, во градење на континуирана меѓусебна соработка, и континуирана соработка со матичната земја Република Македонија, која ќе се одржи на 13.04.2018 г. (петок) со почеток во 09,30 час. во Хотел-Континентал, во Скопје.
Проектот е поддржан од Цивика мобилитас / Civica mobilitas – Програма за поддршка на граѓанското опшество во Република Македонија, финансирана од Швајцарската Aгенција за развој и соработка (СДЦ), а координиран од Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС).
Ќе ни преставува задоволство ако со вашето присуство земете учество на оваа Јавна Трибина која е од исклучително значење за зајакнување на комуникацијата со македонската дијаспора и развој на идни проекти.
Напомена: Најава за дискутанти да се пријави на меил: mkd.newcontact@yahoo.com и europe_mkd@yahoo.com најдоцна 48 часа пред почетокот на настанот.
Теми за дискусија:
1. Улогата на Граѓанските организации од Република Македонија, иселеничките организации и организациите на македонското национално малцинство во соседните земји, во градењето на континуирана меѓусебна соработка, и континуирана соработка со матичната земја Република Македонија,
2. Институционална поставеност на државата за соработка со дијаспората.
3.Идните предизвици и градење на нови модели на соработка помеѓу државата и граѓанскиот сектор ( пр. Швајцарија и граѓанскиот сектор, / пр. Р.Македонија и граѓанскиот сектор.)