x
Мени

Вести од грантистите

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

Конкурс за фотографија на тема: „Тагата на провинцијата и неподносливата мачнотија на метрополата“

Напишано од: Култ Трансзен

Објавено: 10/10/2016

Организацијата Култ транзен распиша конкурс кој го третира феноменот на периферијата и оддалеченоста од центарот, но и обратната смисла на оттуѓеноста, каде што центарот е оддалеченост од субјектот (од себе), а периферијата едно невидливо приближување кон внатре. Вечниот судир меѓу јавното и интимното, личното и колективното, тишината и хаосот. Темата на конкурсот ја опфаќа и трагичноста на преселбите-село-град и провинција-метропола.

Анализата на состојбата на женското претприемништво во Македонија

Напишано од: Здружение на бизнис жени

Објавено: 10/10/2016

Здружението на бизнис жени (ЗБЖ) со седиште во Скопје, во рамки на проектот „Состојбата на жените во претприемништвото во РМ“, финансиран преку програмата Цивика мобилитас, во периодот јули-септември успешно го заврши првиот дел – квантитативното истражување за состојбата со жените во претприемништвото во РМ, со теренски анкетни активности во следните општини: Куманово, Битола, Тетово, Гостивар, Кичево, Велес, Струмица, Штип, Кавадарци, Дебар, Крушево и град Скопје.

НЕ за фрлањето храна

Напишано од: Банка за храна Македонија

Објавено: 27/10/2016

Храна за сите – Банка за храна Македонија ги поканува сите заинтересирани на презентација на резултатите постигнати во проектот “Храната за гладните, а не на депонија“ што ќе се одржи на 28 октомври 2016, во 11:00 часот во хотелот Континентал во Скопје.

Покана за промоција на анализа за кохезијата во нашето општество

Напишано од: Диверзити Медиа

Објавено: 07/11/2016

Здружението Диверзити медиа и телевизијата Алсат М, Ве покануваат на завршниот настан од проектот Глокал Дискусии, поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

1 47 48 49